Фудбалски состав Севилја може да обезбеди големо засилување за наредната сезона доколку најде заеднички јазик со ПСВ Ајнтховен за напаѓачот, Лук де Јонг, тврдат денеска – „Марка“ и „Радио Кадена“.
28-годишниот напаѓач за 12,5 милиони евра може да се активира во Ла Лига и да потпише договор за четири сезони доколку холандскиот состав ја прифати понудата. Де Јон во пosледната сезона постигна 32 гол со што го привлече вниманитео на повеќе екипи меѓу кои влегува и шпанскиот состав.
Де Јонг треба да биде дел од новиот напад на Севилја во тандем со Минас Дабур кој беше купен од австрискиот Ред Бул Салцбург.