Веќе поранешниот играч на ПСЖ Адриен Рабио ќе ги помине медицинските прегледи во Јувентус во текот на утрешниот ден, а потоа ќе потпише договор за четири години со тимот од Торино, тврдат некои од најголемите спортски медиуми во Италија.
Двете страни постигнале договор за сè, но договорот на Французинот со ПСЖ истекува денес и „бјанконерите” одлучиле да почекаат до утре, за да може тој да биде тестиран од медицинските лица во клубот и да го потпише договорот. Тој ќе добие 7 милиони евра годишно плус бонуси во зависност од постигнатите резултати.
Рабио беше голема желба на Манчестер Сити и Барселона, но на крајот одлучи да ја продолжи кариерата во Торино. Во понеделник, исто така, се очекува дека тимот од Торино официјално ќе го претстави одбрандбениот играч од Ајакс Матијас де Лихт, кој исто така се очекува да се приклучи на Јувентус.

