Италијанскиот шампион Јувентус и официјално потпиша договор со Адриен Рабио. 24-годишниот играч од средниот ред пристигна во Торино како слободен играч од ПСЖ.
Договорот меѓу Рабио и “Старата Дама” е на четири години. Адриен ќе добие 7 милиони евра годишно плус бонуси. Тој, исто така, ќе добие и 10 милиони во кеш, како компензација за неговото доаѓање со намалена плата во дресот на италијанскиот првак.
