Во текот на наредните неколку дена, Јувентус и официјално треба да го потврди трансферот на младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт. Италијанскиот шампион Јувентус е само чекор до потписот со Холанѓанецот, а исто така во скоро време треба да биде затворен и трансферот на голманот Џиџи Буфон.
Преставници на клубот од Торино веќе се сретнале со преставниците на Де Лихт и наводно веќе се договорени сите детали од соработката. Сега се чека на Ајакс да ја прифати понудата од 75 милиони евра за младиот стопер.

