Кристијан Атсу ќе го пропушти останатиот дел од Купот на Африканските нации поради скината тетива.
Тој се врати во Њукасл за медицински третман непосредно пред почетокот на натпреварот на Гана во Група Ф против Гвинеја Бисао.
Атсу го напушти натпреварот помеѓу Гана и Камерун 15 минути пред крајот на мечот. Медицинскиот тим на репрезентацијата објави дека нема да може да игра во останатите средби на Гана на турнирот во Египет.
Гвинеја остана без Наби Кеита, кој се врати во Ливерпул за да ја лекува повредата во натпреварот со Нигерија. Сепак, играчот од средниот ред може да се врати за елиминациските натпревари.
