Наполи продолжува со обидите да го ангажира Хамес Родригез кој е член на Реал Мадрид, а според весникот „АС”, токму ваа екипа е се поблизу до Колумбиецот.
Од Реал Мадрид преферираат да го продадат играчот и да добијат за него околу 40 милиони евра, но Аурелио де Лаурентис сака прво тој да игра со позајмица во тимот некое време, а потоа евентуално да биде купен.
Се смета дека и двете страни направиле компромис и затоа веќе се доста блиску до постигнување на договор, кој во голема мера ќе ги задоволи двата клуба. Хамес повеќе нема иднина на „Бернабеу“ и еден од играчите Реал кој сака да си замине. Тој помина две сезони н апозајмица во Баерн, каде сепак не успеа да се представи на најдобро ниво и баварците одбија да го купат.
Во Неапол, сепак веруваат дека Родригез можеби е новата голема ѕвезда на тимот. Наполи го реновираат стадионот „Сан Паоло” и сакаат во следната сезона да бидат многу сериозни конкурент на Јувентус во битката за титулата, а за таа цел привлекување на Хамес е од големо значење.