Лукас Окампос и официјално е фудбалер на Севиља. Тој е шестото ново засилување за Андалузијците. Играчот од Олимпик Марсеј во Севиља пристигна вчера каде ги мина лекарските прегледи, а вчеравечер и официјално стави потпис на 5-годишен договор со Шпанците.
Аргентинецот ќе биде големо засилување за Севиља во нападот. Неофицијално, Севиља за него на Олимпик Марсеј ќе му плати 13+2 милиони евра.