Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, официјално се враќа во клубот каде го достигна својот голмански зенит. Денес, 41-годишниот голман потпиша за договор со Јувентус за период од една сезона.
Минатата година, Џиџи Буфон беше во Париз Сен Жермен откако помина 17 години во Јувентус. Сега тој доаѓа како слободен агент и според информациите кои беа објавени тој ги прифатил условите да биде резерва на Војчех Шчесни.

„Драго ми е што ќе се вратам дома и ќе имам можност повторно да играм пред овие навивачи”, рече Буфон и додаде „Ова е еден од најдобрите и најсреќните денови во мојот живот. Денес сум убеден дека животот е неверојатен и секогаш вреди да се сонува” рече Буфон.

