Досегашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Андер Ерера веќе е дел од Париз Сен Жермен. Играчот беше привлечен како слободен агент откако не го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Шпанецот потпиша петгодишен договор со парижаните и ќе го носи дресот со број 21. Да се потсетиме дека Андер ерера имаше направено договор со францускиот гигант пред крајот на сезоната.
Се чекаше само истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед за да може да биде промовиран како нов играч на ПСЖ.