Откако е се поизвесно заминувањето на Антоан Гризман, како и најавениот трансфер на Диего Коста во Кина, екипата на Атлетико Мадрид конечно успеа да задржи еден напаѓач од минатогодишниот состав.
Шпанскиот репрезентативец, Алваро Мората, кој во јануари оваа година од Челзи во Мадрид на едногодишна позајмица останува во оваа екипа. Од Атлетико Мадрид по поминати шест месеци, решија да го откупат договорот на шпанскиот фудбалер и официјално е нов член на вицешампионот на Примера.
Не е позната сумата која Атлетико ќе му ја исплати на англискиот тим, но се претпоставува дека таа изнесува нешто повеќе од 50 милиони евра. Мората во текот на ланската сезона одигра 17 натпревари за Атлетико Мадрид и постигна шест гола. Ова лето тимот на Атлетико Мадрид се засили со уште неколку квалитетни фудбалери.
На „Ванда Метрополитано“ пристигнаа уште Љоренте од Реал Мадрид, фелипе од Порто, Ибањез од Сан Луис и Лодиј од Атлетико ПР, Херера од Порто и Жоао Феликс од Бенфика.

