Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, одлучи да остане во Милано, потпишувајќи нов договор со „росонерите“, дури и за помала плата.
Според италијанските медиуми, Донарума му кажал на новото раководство на клубот дека е целосно посветен да му помогне на Милан да се врати на врвот. ПСЖ имаше интерес за него, но не успеаја да го убедат младиот Донарума да замине во Париз.