Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, продолжи со своето скандалозно однесување по завршувањето на натпреварот за третото место на Копа Америка, каде што Аргентина го порази Чиле со 2:1. Меси доби црвен картон за време на пресметката со Гари Медел. По мечот Меси одби да го прими бронзениот медал и ја обвини КОНМЕБОЛ за корупцијата.
„Не отидов по медалот затоа што не сакам да бидам дел од корупција и недостаток на почит. Можевме да направиме повеќе, но тие не ни дозволија да стигнеме до финишот. Корупцијата и судиите не им дозволуваат на луѓето да уживаат во фудбалот, тие го уништуваат спортот“, изјави Меси.