Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега и менаџер на шкотски Ренџерс Стивен Џерард, ја отфрли понудата да го преземе тимот на Њукасл.
Претедателот на англискиот премиерлигаш, Мајк Ешли лично бил заинтересиран да го види 39-годишниот стратег на клупата на тимот, по заминувањето на Рафаел Бенитез.
Претходно беше објавено дека Џерард одбил да го преземе и Дерби Каунти по заминувањето на Френк Лампард на позицијата главен тренер на Челзи во Лондон. Џерард работи во Ренџерс од летото 2018 година, а минатата сезона го предводеше тимот до третото место во шкотскиот шампионат.