Аргентинскиот стратег на селекторската позиција во Перу, Рикардо Гарека од синоќа се споменува за прв фаворит з анов селектор на Аргентина. Гарека по финалето со Бразил ја прокоментира најавата дека може да ги преземе „гаучосите“.
„Ја сакам мојата земја, но имам обврски кон Перу до 2021 година. Сакам да си го исполнам договорот. Ако успееме да се квалификуваме на Светското првенство, договорот ќе биде продолжен“, изјавил Гарека.
Перуанците на Копа Америка дојдоа до финалето што беше еден од најдобрите резултати на селекцијата во последната деценија.