Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави, и официјално е нов фудбалер на кинескиот тим Шангај Шенхуа. Според италијанските медиуми, 26-годишниот фудбалер потпишал тригодишен договор според кој ќе добие околу 40 милиони евра во новиот тим.
Во рамките на договорот се вклучени и бонуси во висина од 18 милиони евра.
Ел Шарави е дел од Рома од 2016 година. Минатата сезона одигра 28 натпревари во италијанската Серија А, во кои стана автор на 11 гола, а исто така имаше и 3 асистенции.

