Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Брегалница доби нов сопственик, Кирил Гогов ќе раководи со клубот
    Фудбал

    Брегалница доби нов сопственик, Кирил Гогов ќе раководи со клубот

    risteBy riste08/07/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Штипска Брегалница и официјално доби нов сопственик. По одлуката на Советот на Општина Штип за продажба на ФК Брегалница, денеска и официјално заокружен целокупниот процес. Познатиот македонски стопанственик и спортски инвеститор Кирил Гогов од денеска и официјално е нов сопстваник на ФК Брегалница со 51% од сопственичкиот удел, наспроти 49% кои остануваат во сопственост на Општина Штип.

    „На задоволство на сите во Штип успешно е реализирана одлуката на Советот на општината за продажба на Брегалница која оди во рацете на Кирил Гогов како сопственик на клубот. Искрено, силно верувам во новиот сопственик кој може и умее да ја изгради Брегалница во фудбалски бренд кој успешно ќе се врати на прволигашката сцена. Да посакаме и сите заедно за две години 100-годишнината од постоењето на клубот да ја прославиме со настап во европските купови. Кирил Гогов е успешен бизнисмен кој не случајно минатата година беше прогласен за најдобар спортски работник на Штип. Сакам да информирам дека Општината и натаму ќе продолжи со поддршка на Брегалница“– истакна градоначалниот на Општина Штип, Благоја Бочварски на денешната прес-конференција на која официјално го претстави новиот инвеститор на ФК Брегалница.


    „Сакам Брегалница да клуб со кој сите заедно вистински ќе се гордееме. Политиката треба да ја оставиме на страна. Тука сме за спортски успеси на радост на сите во градот. Од срце ќе направам се Брегалница да се врати повторно во прволигашкото друштво, а потоа да размислуваме и за нешто повеќе во иднина“ – истакна Кирил Гогов.

    Фудбалерите на Брегалница во вомемнтов се наоѓаат во Пехчево, во хотел „Гогов“, каде ги реализираат своите подготовки за следната сезона под раководство на новиот шеф на стручен штаб, Добринко Илиевски – Пижон.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.