Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, нема да биде дел од експедицијата на Реал Мадрид која заминува за Канада попладнево, пишува венсикот „АС“.
Причината за отсуството на шпанскиот играч од средниот ред е раѓањето на неговото второ дете. Неговата сопруга Сара Салам се очекува да се породи вонаредните деновите, а потоа Иско ќе се приклучи на тимот во Северна Америка.
Феде Валверде, Милитао, Каземиро, Хесус Ваљехо и Дани Себалос нема да патуваат денес, но ќе почнат да тренираат подоцна. Зинедин Зидан и неговите фудбалери заминуваат за Монтреал попладнево, а таму ќе ги имаат и првите контролни средби.
