Во очекување да биде потврден трансферот на нашиот Ељиф Елмас, италијански Наполи продолжува да работи на обезбедување нови засилувања. Од Италија утрово стигнува информација дека наполитанците се пред договор и со аргентинскиот талент Максимилиано Ловера, кого го нарекуваат „новиот Дибала“.
20-годишниот напаѓач моментално го носи дресот на Розарио и веќе имал контакт со преставниците на Наполи. Ловера успеа да влезе во првиот тим во 2016 година, а во последните три сезони одиграл 40 натпревари за тимот.

