Играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела, ќе се пресели во редовите на Интер за 50 милиони евра, вклучувајќи бонуси, информираше „Скај Спортс Италија“.
Ова стави крај на сагата за трансфер, која може да отиде во неочекувана насока, откако со понуда за 22-годишниот фудбалер на Каљари во последен момент се вклучи и Рома. За негова возраст, Барела има одиграно голем број на натпревари за Каљари, 112 натпревари од 2014 година до денес.
Желбата на играчот беше да се пресели во Интер, па затоа се одлучи таму да ја продолжи кариерата, без разлика на понудата од Рома.