Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивната линија на „романтичарите“. Тој е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата.
Во минатото настапувал за Партизан, Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска), а има играно за Вождовац и Радник.