Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, ќе игра во дрес со број 23 во екипата на Реал Мадрид , објави весникот „Марка“.
Пред него, со овој број во Реал Мадрид има настапувано Дејвид Бекам, но изборот на Азар не е поврзан со познатиот Англиски фудбалер, туку со легендите на кошаркарската НБА лига, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.
Минатата сезона дресот со број 23 го носеше дефанзивецот Серхио Регилон, но оваа сезона тој е позајмне во екипата на Севиља. Во неговиот претходен тим, Челзи Еден Азар играше со десетка, но во Реал Мардид овој број е веќе зафатен од Лука Модриќ.