Аргентинскиот Арбитражен суд за спорт го советуваше капитенот на националниот тим, Лионел Меси, да и се извини на Јужноамериканска фудбалска конфедерација, која 32-годишниот напаѓач ја обвини за корупција за време на Копа Америка. Со тој чин Меси нема да подлежи на санкции.
„Јас би го советувал Меси да се извини бидејќи ќе биде подложен на санкции. Тој мора да се извини за да не го казнат“, изјавил членот на Арбитражниот суд, Абреу.

