Евертон официјално го потврди доаѓањето на Фабијан Делф од Манчестер Сити со 3-годишен договор. „Карамелите“ платиле околу 9 милиони фунти за фудбалерот, а износот може да се зголеми во зависност од неговите настапи.
29-годишниот фудбалер, кој освои две титули во Англија со „граѓаните“, веќе му се придружи на својот нов тим во Швајцарија.
„Секогаш кога играв против Евертон, ја чувствував големата страст на овие навивачи. Тие го разбираат фудбалот и го поддржуваат тимот, па јас сум многу среќен што сум дел од овој клуб. Ќе дадам сè од себе и верувам дека заедно можеме да постигнеме нешто посебно”, изјавил Делф.

