Македонскиот фудбалски шампион Шкендија попладнево (17 ч.) на Националната Арена во Скопје ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во ЛШ. Тетовци и втора година по ред се на прагот да обезбедат најмалку второ квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако на првата средба во Талин, славеа над Естонците со 1:0.
Шкендија и на првата средба покажа дека е подобар тим од естонскиот првак, па сега останува тоа да го потврди со победа во Скопје. Ако ја повторат доминацијата од првиот меч, фудбалерите на Ќатип Османи не би требало да имаат проблем да дојдат и до убедлив триумф.
Ако успешно ја мине оваа фаза, Шкендија во 2. Коло ќе игра против шкотскиот првак Селтик, кој утре треба дома против Сараево да го завери пласманот во следната рунда.

