Фудбалскиот состав на Арсенал официјално го претстави резервниот дрес за наредната сезона откако го обнови партнерството со – „Аdidas“.
Двете страни одлучија да го вратат споменот на еден од најпознатите дресови од минатото. Бојата на дизајнот ќе биде традиционално жолта со различни обрасци. Целта е да се потсетат навивачите на култниот дрес од почетокот на 90-тите години од минатиот век кој беше популарно наречен – „банана”.
За прв пат играчите на Арсенал ќе облечат дресот на утрешната контрола против Баерн (Минхен) на „International Champions Cup“ а ќе го користат и на 11 август на мечот со Њукасл во рамките на Премиер лигата.
