Трансферот на нашиот млад репрезентативец Елиф Елмас во екиопата на Наполи ќе се комплетира в сабота. Според информациите на италијанските медиуми, досегашниот фудбалер на фенербахче в сабота ќе пристигне во Неапол каде треба да ги мине лекарските прегледи и да го финализира договорот со новиот клуб.
Фенербахче и Наполи се уште официјално го немаат потпишано договорот за Елмас, но скоро се е договорено, само остануваат уште неколку отворени детали кои треба да бидат завршени дури и до крајот на денот.