Бидејќи тимовите од Манчестер се заинтересирани за потписот на Хари Мегваер од Лестер, тренерот на „лисиците“, Брендон Роџерс, ќе постави краен датум до кога може да се реализира евентуалниот трансфер.
„Ќе има краен рок. Не можеме да го продадеме Мекгваер и да останеме без дефанзивец. Мора да имаме време за да донесеме замена. Трансферот нема да може да се реализира во последен момент по ниту една цена“ – изјави Роџерс.
Поранешниот шампион на Англија за потписот на Мегваер бара 75 милиони фунти. Доколку Сити или Јунатед се одлучат да го купат по таа цена, тогаш тој ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.