Турски Галатасарај го ангажираше фудбалерот на Фулам, Жан Мишел Сери, за 1,5 милиони евра, со право на откуп за 18 милиони евра. Сери во Истанбул доаѓа на позајмица од една година, со право на откуп.
Платата на 28-годишниот фудбалер во новиот тим ќе изнесува 2,8 милиони евра годишно. Минатата сезона Сери одигра 32 натпревари за Фулам, по што постигна еден гол и направи три асистенции.
Тој се преслеи во Англија од екипата на Ница за сума од 35 милиони фунти.