Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека Матијас Де Лихт ќе го направи своето неофицијално деби за клубот против Тотенхем.
“Бјанконерите” во неделата во Сингапур ќе одиграат пријателски меч со Тотенхем и навивачите на Јуве со нетрпение чекаат да го видат новиот фудбалер во тимот.
„Тој досега не тренирал со своитесоиграчи, но сигурно ќе биде дел од тимот. Треба да работиме за да го најдеме идентитетот во нашата игра. Ние ќе се обидеме да го претвориме тој идентитет во резултати“, истакнал Сари.

