Енис Барди веќе извесно време е на „мета“ на Еспањол, а трансферот засега стои на почетна позиција. Леванте нема проблем да му дозволи да замине, но за нашиот интернационалец бара најмалу 15 милиони евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека моментно Еспањол не е подготвен да плати повеќе од 10 милиони за нашиот репрезентативец.
