Бразилскиот дефанзивец Филипе Луис, кој до неодамна ги бранеше боите на Атлетико (М), потпиша договор со Фламенго како слободен агент.
Според изворот, договорот со 33-годишниот фудбалер со бразилскиот гигант ќе биде до декември 2021 година.
Пред неколку дена на стадионот “Ванда Метрополитано” се одржа проштална церемонија за играчот кој долги години помина во редовите на „јорганџиите“.
Луис одигра 333 натпревари за Атлетико и постигна девет гола.