Попладнево на Националната Арена, фудбалерите на Шкендија го пречекуваат Дуделанж во првиот меч од 2. Коло во Лигата на Европа. Средбата тргнува од 17.55 часот, а како што најавуваат тетовските „црвено-црни“, на денешниот меч ќе бркаат позитивен резултат пред одигрувањето на реваншот една недела подоцна на теренот во Луксембург.
Да потсетиме, победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на ЛЕ ќе ги одмери силите против елиминираниот од пресметката во 2. кваликациско коло на Лигата на шампионите меѓу Селтик и Номе Калју.
Стенио Жуниор целосно се опорави и после настапот во второто полувреме против Номе Калју сега конкурира за првиот тим, а деби се чека и на новото летно засилување Хуан Фелипе.