Раководството на Барселона планира да собере сума од 150 милиони евра од продажба на играчи ова лето.
Клубот има намера да ги обезбеди овие средства преку продажба на Филипе Кутињо, Рафиња Алкантара и Малком. Не е исклучена можна разделба и со Иван Ракитиќ, Самуел Умити и Артуро Видал. Се верува дека трансферите на овие играчи ќе ги неутрализираат трошоците за купување на францускиот напаѓач Антоан Гризман и холандскиот играч од средниот ред Френки де Јонг.