Поранешниот селектор на италијанската репрезентација Роберто Донадони е поставен за нов тренер на кинескиот Шенжен, клуб кој се бори за опстанок во кинеската Суперлига.
55-годишниот Донадони го наследи Хуан Рамон Лопез Каро, кој го предводеше тимот до промоција во елитата. Сепак, Шенжен остана во зоната за испаѓање долго време по почетокот на локалното првенство и од оваа причина, раководството на тимот реши да го ослободи Шпанецот.
Шенжен е претпоследен во кинескиот шампионат и нема победа на 12 последователни натпревари.

