Првите луѓе на фудбалскиот состав Наполи се обидуваат да го убедат Мауро Икарди да потпише за нивниот тим откако Интер јасно му посочи на голегетерот дека нема шанси да му дозволи да замине во екипата на Јувентус.
Новиот клуб на нашиот интернационалец, Елиф Елмас откако не успеа да го купи Пепе кој се определи за Арсенал а Реал во меѓу време ги стопираше преговoрите за Хамес Родригез, сега се насочува кон Аргентинецот кој е на излезната врата од Интер.
Според најавите од Италија, претставниците на Наполи водат интензивни преговори и со Ванда Нара, (сопруга и менаџерка на голгетерот) за да ја убедат дека Икарди ќе добие одлични услови во Неапол.