Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по вчерашниот пријателски натпревар со Кристијанштад кој му припадна на неговиот тим со минимални 1-0, потврди дека младиот, Ерик Бејли, имал операција и дека ќе паузира во наредните 5 месеци.
Репрезентативецот на Брег Слонова Коска кој пред три години го напушти шпанскиот Вилјареал и се пресели на „Олд Трафорд“, заработи потешка повреда на коленото на контролниот натпревар против Тотенхем одигран во рамките на летните подготовки.
Бејли кој се вбројува меѓу најдобрите млади стопери не успеа вистински да се наметне во тимот бидејќи во континуитет се соочуваше со посериозни повреди и поголем дел од времето мораше да го помине на рехабилитација.