Младиот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне, од денеска ќе го носи дресот на англискиот состав Вулверхемптон, потврдија медиумите на Островот.
21-годишниот напаѓач кој доцна синоќа потпишал договор за наредните четири сезони, ќе претставува одлично засилување за клубот од стадионот -„Мoлинкс“.
„Многу сум задоволен што сум тука. Среќен сум и сакам да го дадам максимумот. Фантастично е што ќе игра во дресот на Вулверхемптон во Премиер лигата“ – потенцирал Кутроне кој набрзо ќе има и официјална промоција пред новинарите во Англија.