Бразилскиот интернационалец Малком кој не влегува во плановите за наредната сезона на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ќе му биде продаден на рускиот состав Зенит за 40 милиони евра, објавија денеска медиумите во Шпанија.
Фудбалерот кој во претходното лето направи сензационален трансфер на стадионот – „Камп Ноу“, не ги исполни очекувањата на Каталонците и затоа беше ставен на трансфер листата.
Според информациите, Малком во екипата од Санкт Петербург ќе добива годишно по шест милиони евра.