Шпанскиот шампион Барселона нема добиено ниту една понуда за нивниот централен дефанзивец Самуел Умтити, пренесува весникот „Спорт“.
Оваа информација доаѓа од раководството на клубот. На прв поглед, имаше голем интерес за Французинот и беше поврзуван со еден куп англиски клубови. Најсериозни беа намерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сепак, двата клуба не испратија понуда. Барселона беше подготвена да го продадат играчот за прифатлива сума, но сега се чини дека тој ќе остане на „Камп ноу“.
Пред една година, интересот за овој играч беше огромен и во тоа време можеа да заработат до 60 милиони евра. Но, тогаш тој повторно потпиша договор со откупната клаузула која се искачи на 500 милиони евра.
Повредата на коленото го оддалечи од првиот тим и го загуби статусот на стартер во екипата, а тоа значеше и намалување на интересот за него. Затоа, се проценува дека Каталонците се подготвени да го продадат, но ќе сакаат најмалку 60 милиони евра. Можеби ќе сакаат да го искористат како дел од договорот со ПСЖ во евентуалниот трансфер на Нејмар.

