Нашиот кошаркар, Андреј Јакимовски, влезе во идеалната петорка на Европското првенство Дивизија „Б“ кое вчера заврши во Орадеја во Романија.
За МВП на шампионатот е прогласен израелскиот репрезентативец, Ноам Шимон Доврат а во идеалната петорка место обезбедија и Матеус Казовски (Полска), Давид Бом (Чешка) и Пеле Ларсон (Шведска).
Нашите јуниори не успеаа да се пласираат во А дивизијата за наредното Европско првенство иако имаа серија од 6 победи. Во полу-финалето загубивме од Израел додека во битката за третото место бевме совладани од Чешка.