Евертон продолжува да се обидува да се засили уште повеќе пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.
Откако „карамелите“ вчера понудија 70 милиони фунти, плус Мекарти и Jени Тосун, што беше одбиено, денес клубот од „Гудисон Парк“ доби уште два негативни одговори.
Првиот предлог беше на Арсенал за Алекс Ивоби. Понудата за 23-годишниот крилен играч вредеше 30 милиони фунти, но веднаш беше одбиена. Според Би-Би-Си, „топџиите“ би се разделиле со Ивоби за 40 милиони.
Втората понуда беше до Манчестер Јунајтед за да го ангажираат централниот дефанзивец Крис Смилинг, но и таа беше одбиена.

