Трансферот на Жоао Кансело од Јувентус во Манчестер Сити е реализиран, ова беше потврдено со промоцијата која се случи синоќа.
Дефанзивецот официјално се пресели во Манчестер Сити. Двата клуба беа во долги разговори веќе неколку недели, но конечно се договорија и договорот е веќе факт. Граѓаните ќе платат на Јуве 26 милиони фунти за три години, а го испратија и Данило во Торино. Кансело потпиша договор со англискиот шампион за наредните шест сезони, но нема дополнителни детали за платата што ќе ја добива на „Етихад“.
Португалецот призна дека сериозен фактор за неговото пристигнување во Манчестер Сити е Бернардо Силва, кој го убеди да ја прифати понудата на Манчестер Сити.