Клубовите во Премиер Лигата се на чекор за нов трансфер рекорд. Неколку часа пред да се затвори трансфер периодот, тие потрошија 1,25 милијарди фунти (1,36 милијарди евра) за купување на нови играчи.
Се очекува дека ќе го срушат рекордот за најмногу пари вложени во еден трансфер период, а тоа е 1,425 милијарди фунти реализиран летото 2017 година. Досега, два клуба потрошија над 100 милиони фунти – Манчестер Јунајтед и повратникот во елитата Астон Вила. Половина од клубовите ги имаат срушено сопствени рекорди, при што новајлијата Шефилд Јунајтед го направи тоа четири пати.
Манчестер јунајтед се најде во центарот на вниманието со привлекувањето на Хари Мегуаер за 80 милиони фунти, што го прави најскапиот дефанзивец во светот. Арсенал е трет на ранг-листата досега, со што го сруши и сопствениот рекорд со договор од 72 милиони фунти за напаѓачот Никола Пепе од Лил.