Фудбалскиот тим на Њукасл во последен момент се одлучи да го ангажира искусниот напаѓач, Енди Керол, кој ќе се врати на местото на кое се промовираше како одличен голгетер.
Тој по цели осум години се враќа на „Ст. Џејмс Парк“ во тимот кој го предводи менаџерот, Стив Брус. Според најавите, соработката меѓу двете страни ќе биде само една сезона, но, постои можност истата да биде продолжена доколку управата на Њукасл биде задоволна од постигнатиот ефект на фудбалерот.
„Моите пријатели и семејството се тука. Се вратив дома, се надевам дека ќе продолжам каде што застанав пред да направам трансфер во Ливерпул“ -потенцирал Керол.

