Агентите задолжени за трансфери на Лука Модриќ ги демантираа гласините дека освојувачот на „Златната топка“ ќе го напушти тимот на Реал Мадрид и дека ќе се пресели во редовите на ПСЖ.
33-годишниот хрватски интернационалец беше поврзан со можен трансфер во Франција како дел од договорот за ангажман на Нејмар во обратен правец, но, тоа според агентите на Модриќ нема да се случи.
Играчот од средниот ред на „кралевите“ кој има и сребрен медал од последниот Светскиот шампионат, во 2012 година пристигна на „Сантијаго Бернабе“ и досега одигра 303 мечеви во сите конкуренции. Модриќ во изминатите седум години освои дури 14 трофеи.