Централниот дефанзивец од Словачка, Мартин Шкртел се пресели во екипата на Аталанта како слободен играч.
34-годишниот дефанзивец е без тим откако неговиот договор со Фенербахче истече на почетокот на летото. Шкртел, кој веќе шест години е добитник на наградата „Фудбалер на годината“ во Словачка, играше во турскиот тим последните три сезони. Претходно, тој беше дел од тимот на Ливерпул долги години наназад.
Во Аталанта, Шкртел треба да биде дел од стабилната одбрана која ќе му биде потреба на тимот на историсите настапи во Лигата на шампионите.