Голманот на Барселона, Нето ќе мора да оди на операција на неговиоте зглоб. Нето пред некој ден за време на тренинг сесијата пред мечот со Наполи заработи повреда на коска на зглобот.
Во текот на вчерашниот ден бил подложен на лекарски преглед, со кој се потврдило дека има потреба од хируршка интервенција, пренесува весникот „АС“. Операцијата ќе биде направена веднаш, а лекарите кои го спроведоа прегледот сметаат дека процесот на враќање на фудбалерот ќе трае околу пет недели.
Нето се пресели во Барселона овој преоден рок. Трансферот на голманот од Валенсија чинеше 26 милиони евра плус 9 милиони евра како бонуси. Претходно, бразилскиот голман играше за Атлетико Параненсе, Фиорентина, Јувентус, Валенсија. Нето е исто така играч во националниот тим на Бразил.