Директорот на Ајакс, Марк Овермарс, изјави дека очекува Дони ван де Бек да остане дел од холандскиот гигант уште најмалку една сезона. Одличниот фудбалер беше многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но, преговорите се искомпликуваа по што Овермарс е оптимист дека Ван де Бек и во наредниот период ќе продолжи да го носи дресот на „копјаниците“.
„За кратко време ќе дознаеме дали сум во право, одредивме краен датум и не планираме да носиме нови фудбалери. Како што стојат работите, Ван де Бек ќе остане кај нас“ – истакна Овермарс.
Ван де Бек го носеше дресот на Ајакс на вчерашниот реванш од квалификациите за ЛШ против грчкиот првак ПАОК.