Белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар, кој во текот на летово дојде како големо засилување за Реал Мадрид, нема да дебитира на утрешниот меч против Селата на стартот на новата сезона во Примера Дивизион.
Според медиумите во Шпанија кои се повикуваат на информации од лекраскиот тим на „кралевите“, Азар на денешниот тренинг заработил повреда на бутниот мускул по што ќе мора да паузира најмалку 20-тина дена.
Тоа значи дека играчот на Реал Мадрид, ќе ги пропушти сите средби во месец август а најверојатно нема да биде „фит“ ниту за квалификациските натпревари на Белгија за ЕВРО 2020 закажани за почетокот на месец септември.

