Новиот играч од средниот ред на Јувентус, Арон Рамзи ги одигра првите минути за „Бјанконерите“ во побредата со 1:0 над Триестина во последната контрола пред почетокот на сезоната во Серија А.
Играчот од средниот ред изјави дека е многу горд што го носи дресот на Јувентус.
„Се чувствувам добро. Направив многу добро закрепнување по повредата. Можам да останам здрав и да му помогнам на тимот. Горд сум што го носам дресот на Јувентус и одиграв неколку минути против Триестина”, изјави играчот од средниот ред.
“Се подготвивме добро. Имаме нов тренер кој ни ги дава своите идеи. Ние се прилагодуваме на нив. Мислам дека тимот е во добра форма и се надевам дека ќе имаме многу успешна сезона”, заврши Рамзи.

